Хрватската полиција сомничи тројца канадски државјани за подметнување пожар

Завршената кривична истрага утврди дека осомничените, запалиле пожар со отворен пламен покрај паркинг во јужна Хрватска

Хрватската полиција сомничи тројца канадски државјани за подметнување пожар во областа Дрниш, една 28-годишна жена е приведена, а започната е потрага по 30-годишен маж и 31-годишна жена кои не се достапни за полицијата, а според неофицијални информации, тие се наоѓаат во БиХ.

Полицијата на Хрватска денеска извести дека во полициската станица Дрниш е спроведена кривична истрага против 28-годишен канадски државјанин, осомничен за сторено кривично дело загрозување на живот и имот со општо опасно дејствие или средство.

Завршената кривична истрага утврди дека осомничените, 28-годишна жена, заедно со 30-годишен маж и 31-годишна жена, во понеделник, 17 август, попладне, запалиле пожар со отворен пламен покрај паркинг од во градот Бободол, предизвикувајќи изгорена сува трева и ниска вегетација на површина од 15 x 3 метри.

Брзата интервенција на граѓаните и пожарникарите спречила понатамошно ширење на пожарот, кој бил целосно изгаснат во 17:54 часот од 4 вработени од две возила од противпожарните служби Промина и Бискупија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс