Холандска компанија која планира да продава летечки автомобили веќе создава бази за обуки на идните возачи, односно пилоти во Ковентри и Оксфорд. Автомобилот кој ќе може и да се вози по земја, а и да лета е наречен Pal-V. Тој минува низ последните фази на тестирање, а се работи и на обезбедување на потребните лиценци за возилото.

Автомобилот на иднината ќе чини нешто повеќе од 250.000 фунти, односно околу 300.000 евра. Главниот комерцијален директор на компанијата која го лансира Марко ван ден Бош рече дека тоа ќе им се допадне на мажите и жените со „Џејмс Бонд во срцето“. Ова иновативно решение кое резултира со автомобил кој ќе лета се развива скоро 12 години. Кога автомобилот стигнал до оваа фаза, компанијата веќе добила дозвола за негово користење на патиштата, но се уште не и потребната дозвола да се користи во воздух.

Автомобилот може да се претвори од лесен авион во автомобил за околу 10 минути. Сепак возачите да можат да го користат како лесен авион ќе мора да поседуваат дозвола за пилот. Во режим на возење, овој автомобил може да развие брзина до 159 км на час, а во режим на летање неговата максимална брзина е 180 км на час. Од компанијата потврдиле дека веќе имаат многу нарачки, а во неговиот комфор и необичност ќе уживаат исклучиво луѓе кои сакаат нешто поинакво.

„Имаме многу момци и девојки кои навистина го имаат сонот да летаат, па со ваквиот автомобил веруваме дека на најбрз начин ќе станат пилоти“, изјавил Марко ван ден Бош, главниот комерцијален директор на компанијата.
