Гостување на Зденко Башиќ, еден од најпознатите современи хрватски илустратори во „Лабораториум”

Промоцијата на книгата ќе се одржи во „Лабораториум” со почеток од 20 часот, а разговорот со авторот ќе го водат Мерсиха Исмајлоска и Владимир Јанковски, кој ја преведе книгата на македонски.

Артконект го најавува гостувањето на Зденко Башиќ, еден од најуспешните и најпознатите современи хрватски илустратори, кој на 5 октомври пред нашата публика ќе ја претстави својата книга „Северозападниот ветер”.

Промоцијата на книгата ќе се одржи во „Лабораториум” со почеток од 20 часот, а разговорот со авторот ќе го водат Мерсиха Исмајлоска и Владимир Јанковски, кој ја преведе книгата на македонски.

Настанот е поддржан од програмата „Креативна Европа” на ЕУ и од Министерството за култура и туризам.

Разговорот ќе се води на хрватски јазик.

е-Трн да боцка во твојот инбокс