Големо археолошко откритие: Ископана Златна маска на новиот археолошки локалитет во село Волино

Презентацијата на се она што е пронајдено ќе биде денес во дирекцијата на Охридскиот музеј и Завод.

Златна маска беше пронајдени на новиот археолошки локалитет во село Волино, објави вчера порталот Охрид 1.

Според Охрид 1, археолозите пронашле и златници, ќуп и коски. Како што неофицијално се дознава можно е да се работи за „цел град“ под земјата.

Археолозите се на теренот, а областа која е приватен имот е затворена за јавноста.

Од Музејот и Завод Охрид под чија надлежност се ископувањата, ни потврдија дека се работи за нови откритија кои утре ексклузивно ќе бидат објавени од страна на Министерот за култура и туризам од самото место.

Иако не сакаа да откријат за што точно се работи, сепак ни посочија дека презентацијата на се она што е пронајдено ќе биде денес во дирекцијата на Охридскиот музеј и Завод.

Инаку, на 30 септември 2002 год., откриена беше гробница со седумдесеттина гробни прилози од разновиден материјал (керамика, килибар, стаклена паста, железо, бронза, сребро и злато), а меѓу нив најзначајни и најексклузивни се два: златната посмртна маска и златната ракавица со златен прстен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни