Македонски центар за дигитална трансформација

Go Digital – центар што ги доближува претпријатијата до светските пазари

Go Digita, центар кој што е формиран за да ја поттикне дигиталната трансформација во претпријатијата. Тоа е можеби единствениот центар моментално во државава, кој што 100% е фокусиран за дигитална трансформација и е наменет за сите претпријатија од сите индустрии во земјава

Дигиталната трансформација станува предуслов за фирмите да се пробијат на светскиот па и на домашниот пазар, каде конкуреницјата налага осовременување и следење на чекорите за трансформација и дигитализација. На оваа тема разговаравме со Професор Бојан Јовановски, експерт за дигитална трансформација во Go Digita, центар кој што е формиран за да ја поттикне дигиталната трансформација во претпријатијата. Тоа е можеби единствениот центар моментално во државава, кој што 100% е фокусиран за дигитална трансформација и е наменет за сите претпријатија од сите индустрии во земјава.

Трн: Зошто е важна GoDigital програмата и за кого е наменета?

Бојан: Go Digital е центар кој што е формиран  за да ја поттикне дигиталната трансформација во претпријатијата. Тоа е можеби единствениот центар моментално во државава, кој што 100% е фокусиран за дигитална трансформација и е наменет за сите претпријатија од сите индустрии во државата. Сите фирми кои што се заинтересирани да креираат стратегија за дигитална трансформација, да добиат помош од ментори, експерти, консултанти со интернационални сертификати, можат да пристапат на центарот и да добијат помош во однос на тоа.

Tрн: Кои се главните придобивки од дигитализацијата за малите и средни претпријатија за овие индивидуални бизниси, а кои за индустријата и економијата?

Бојан: Со помош на дигиталната трансформација, која што полека полека е неизбежна, не само на светско  ниво, туку и кај нас, сите фирми треба да станат по продуктивни во своите процеси. Би требало да се намалат грешките кои што се случуваат од луѓето. Би требало да поттикнат нови идеи за нови процеси, нови производи или нови услуги кои што може да ги понудат претпријатијата и со тоа да бидат покомпетентни на пазарот. Е сега, покрај малите бизниси, сепак, од целата оваа приказна, голем придонес треба да добие и самата индустрија, економијата, а и самата држава, бидејќи ќе добијат по конкурентни претпријатија, кои што можат не само да се натпреваруваат на регионално ниво, туку и на светско ниво, со цел да бидат дел од снабдувачките синџири на многу поголеми претпријатија, светски.

Tрн: Која е главната неискористена предност на македонската економија во однос на регионот и на глобално ниво?

Бојан: Македонија е сепак мала држава, нели свестни сме за тоа, со многу мала економија. Ние, за жал, многу работиме за да бидеме успешни и многу се трудиме за тоа. Сега за сега, сепак, малите трошоци, а високо квалитетна работна сила, се некои предности кои што ги имаме како држава, но не мора да значи дека тоа ќе остане така во подлог временски период, затоа што пазарот станува се поглобален. Сепак, флексибилноста на малите претпријатиа и IT потенциалот кој што ги имаме, мислам дека се едни од поважните работи со кои што може да се пофалиме. Тука сега би ја кажал и улогата на Go Digital и консултантите кои што работат таму, токму тие, треба да го согледаат потенцијалот на малите и средни претпријатија во држава, да видат кои се трендовите кои што се случуваат на светско ниво и да  можат да им помогнат на претпријатијата да се доближат до тие трендови за да бидат поинтересни и поконкурентни на светскиот пазар.

Трн: Што носи работата со консултантите во склоп на GoDigital?

Бојан: Работата со консултантите на Go Digital отвара нови врати за самите претпријатија. Таа група на консултанти кои што сме во Go Digital е една навистина интересна група која што има најразлични експертизи и вештини и кои што мислам дека можат да покријат, да речам, можеби, сите предизвици кои што ќе дојдат пред нас во држава. Покрај пристапот до тие консултанти и тоа нивно знаење, ние исто така имаме наша мрежа на пријатели, на експерти, на системи интегратори кои можат да ни помогнат во имплементирањето на одредени решенија во претпријатијата. Да не ја заборавиме тука и поддршката од Македонија 2025, Виза, КИКС и Име програмата, кои што се еден вид и основачи на GoDigital. Поради нивната поддршка која се има, Go Digital е исто така еден од интересните центри кои што и даваат и финансиска поддршка во вид на грантови од 6 до 10.000 евра на малите и средни претпријатие кои што сакаат да го започнат патот за дигитална трансформација. Значи, тука зборуваме за менторска помош, зборуваме за крирање стратегија за дигитална трансформација или пак и имплементирање на некој вид на решение со цел да се да помогне дигиталната трансформација во претпријатието.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни