Прашањето на германскиот новинар Михаел Мартенс упатено до украинскиот претседател Володимир Зеленски на прес-конференција во Белград предизвика жестоки реакции во Москва. Дописникот на Франкфуртер алгемајне цајтунг го праша Зеленски како Европа може да ѝ помогне на Украина да убие повеќе руски војници, што Русија го оцени како фашистичка реторика.
Новинарот Михаел Мартенс го постави прашањето за време на заедничката прес-конференција на Зеленски и српскиот претседател Александар Вучиќ. По ширењето на видеото на социјалните мрежи, Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го нарече германскиот новинар „наследен нацист“, повикувајќи се на податоци за неговото семејно потекло.
There is something profoundly grotesque about a journalist casually asking the Ukranian President Zelensky how Europeans can "help kill more Russians"
— Richard (@ricwe123) August 10, 2026
It turns out to be German journalist Michael Martens.
Martens’s grandfather served as a senior Wehrmacht officer during Nazi… pic.twitter.com/ptgPun3wTc
По жестоките критики, германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг го изрази своето жалење за начинот на кој беше формулирано прашањето.
Мартенс на социјалната мрежа X објасни дека неговото прашање не било израз на лична омраза, туку директна алузија на цитат од поранешниот британски премиер Винстон Черчил. За време на Втората светска војна, Черчил ја дефинирал поддршката за југословенските партизани со прашањето кој убива најмногу Германци и како Британија може да им помогне да убијат уште повеќе.
И покрај ова објаснување, дебатата во германските и меѓународните медиуми продолжи околу границите на новинарската етика и новинарската неутралност при известување за воени конфликти.