Германија го смени селекторот по неуспехот на Светското првенство

Фудбалскиот сојуз на Германија го отпушти селекторот Јулијан Нагелсман по неуспехот на СП 2026. Како можен наследник се споменува Јирген Клоп, кој би се вратил од тренерска пауза.

Фудбалскиот сојуз на Германија одлучи да го смени селекторот Јулијан Нагелсман по неуспехот на репрезентацијата на Светското првенство 2026. Одлуката ја потврдиле германските медиуми, меѓу кои и „Bild“, а информацијата ја пренесе и фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо

Според извештаите, федерацијата одлучила да ја прекине соработката со Нагелсман по завршувањето на турнирот, каде што Германија не ги исполнила очекувањата.

Во меѓувреме, како можен нов селектор се споменува Јурген Клоп, кој наводно е подготвен да ја преземе репрезентацијата и да се врати на тренерската работа по двегодишна пауза. Клоп во минатото беше еден од најуспешните тренери во европскиот фудбал, а неговото евентуално назначување би претставувало голем пресврт за германската репрезентациј

е-Трн да боцка во твојот инбокс