Француските поморски сили го запленија рускиот танкер за нафта „Тагоре“ во Атлантскиот Океан во неделата, објави претседателот Емануел Макрон, според „Јуропиан Џастис“.
Макрон објави дека операцијата е спроведена во Атлантскиот Океан во меѓународни води со поддршка на бројни партнери, вклучувајќи ја и Обединетото Кралство.
Операцијата беше спроведена во строга согласност со поморските закони.
„Неприфатливо е бродовите да ги заобиколуваат меѓународните санкции, да го кршат поморското право и да ја финансираат војната што Русија ја води против Украина повеќе од четири години. Овие бродови, кои не ги почитуваат ниту најосновните правила на поморската пловидба, исто така претставуваат закана за животната средина и безбедноста на сите“, нагласи Макрон.
Според податоците од службата за следење на бродови „Марин трафик“ , танкерот плови под знамето на Мадагаскар, објави „Известија“.
За потсетување, на почетокот на мај, шведската крајбрежна стража заплени санкциониран брод во близина на брегот на Трелеборг.
Песков: Запленувањето на танкерот е нелегално, се граничи со пиратство
Русија смета дека одлуката на Франција да го заплени танкерот „Тагоре“ е нелегална и се граничи со чин на пиратство, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Руската амбасада во Париз соопшти дека Франција не ја известила Русија дека ќе преземе какви било мерки против танкерот. Во меѓувреме, руската дипломатска мисија потврди дека капетанот на танкерот очигледно е руски државјанин.
„Ги сметаме ваквите дејствија за нелегални. Тие се граничат со чин на меѓународно пиратство“, рече Песков во разговор со новинарите.