Search
Сашо Алушевски, фотограф

Фотографијата за мене е занает и страст

Сашо Алушевски фотографиите ги изработува во т.н мокар колодиумски процес што за прв пат почнал да се работи во 1851 година. Процесот, од денешна перспектива изгледа комплексно и напорно, затоа што за да се добие ваква фотографија, мора да се испочитуваат повеќе чекори кои треба да се изведат за релативно кусо време, а финалниот производ е неповторлив. Не постојат две исти колодиумски фотографии. Токму субјективност и хировитиот карактер на колодиумот е тоа што го влече Алушевски кон овој како што и самиот вели занает.

-Колодиумот што го работам е измислен во 19 тиот век и е див само по себе. Многу е тешко да го скротиш, па најчесто добиваш непредвидливи резултати, така што мојата субјективност и хировитиот карактер на колодиумот е тоа што ја прави на крајот фотографијата. Тоа е она што ме влече да го правам – вели Алушевски.

Иако фотографијата во својата дефиниција го има тоа дека ја претставува објективната реалност, за Алушевски фотографијата е нешто  крајно обратно и спротивно.

-За мене е субјективното и  авторското е тоа што го ценам во фотографијата. И на крајот на денот ако земеме егзактно, фотографијата фаќа само еден дел од реалноста- објаснува  тој.

Сашо Алушевски  не бара дефиниции за тоа каде би ја сместил својата работа и едноставно вели го први тоа што го сака. И тоа за овој фотограф е сосема доволно.

-Ќе се повикам на Рамбо Амадеус, уметник е некој кој што треба да е мртов 200 или повеќе години, така што за мене ова е занет или страст – вели Алушевски.

Втора година по ред во јуни годинава тој го организираше и “Зрно фестивал”, фестивал за алтернативна фотографија кој за прв пат обедини фотографи од повеќе од 30 земји од цел свет каде покрај изложби на алтернативна фотографија и класична црно- бела фотографија се оджаа и низа едукативни работилници.

Најново

Последни колумни