„Европа или смрт“ е современа комедија која низ хумор, сатира и препознатливи животни ситуации ги отвора прашањата за современото општество, балканскиот менталитет, личните и колективните предизвици, како и вечната потрага по подобар живот.
Претставата на духовит и искрен начин ги прикажува секојдневните апсурди, поттикнувајќи ја публиката истовремено да се смее и да се препознае во ликовите и ситуациите на сцената.
Текстот е на Мирољуб Недовиќ, а во претставата, играат: Никола Тргачевски – Кумба, Елена Наумовски Трпковска и Душан Кузевски. Со својот препознатлив автентичен хумор, актерите по долго време се враќаат и на битолската сцена.
,,Со динамична изведба и актуелна тематика, претставата нуди вечер исполнета со смеа, но и простор за размислување за реалноста во која живееме.” – велат актерите.
Имено, оваа комедија, претставува значаен дел од овогодишната програма на БИТФЕСТ, збогатувајќи ја културната понуда на градот и овозможувајќи ѝ на битолската публика да проследи актуелна и современа театарска претстава.