Европската комисија денес „даде зелено светло“ за плановите на германската влада со кои се предвидува поддршка на енергетски интензивните индустрии со 3,8 милијарди евра (4,5 милијарди долари) во наредните години.
Имено, финансирањето е наменето привремено да ги ослободи компаниите од високите цени на електричната енергија.
Ова, е особено важно, за да се избегне преселување на активностите надвор од Европската Унија, каде што цените на енергијата често се пониски, а еколошките стандарди помалку строги, соопшти комисијата.
Шемата за помош им овозможува на подобните бизниси кои работат во Германија да аплицираат за исплати на олеснувања и е предвидена да ги поддржува енергетски интензивните сектори до крајот на 2028 година.
Корисниците сепак ќе бидат обврзани да инвестираат најмалку половина од примената помош во мерки насочени кон намалување на трошоците за електрична енергија на компанијата без зголемување на употребата на фосилни горива.
Плановите за помош се поврзани со долгорочните прашања за конкурентноста во ЕУ, но се совпаѓаат со неодамнешниот пораст на цените на енергијата предизвикан од војната во Иран.