Три авиони „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување започнаа со дејство врз пожарот во атарот на селото Никуштак, во општина Липково. Пожарот изби претпладнето пред 12 часот и брзо се прошири во квалитетна шума. На терен интервенираат екипи на Национални шуми и локалното население, додека надлежните се обидуваат да го сопрат огнот на пристапните терени каде што има можност за правење пресеци со трактори.
Воздушната поддршка со „Ер тракторите“ доаѓа во критичен момент кога пожарот се заканува да зафати поголема површина од квалитетната шума над Никуштак. Мештаните и општинските служби изразија благодарност до надлежните за брзата координација и ангажманот на авионите на Дирекцијата за заштита и спасување. На терен се вложуваат максимални напори за да се пресече линијата на огнот пред тој целосно да ја уништи шумата.
Состојбата со пожарите низ државата и понатаму е сложена, бидејќи освен во Липковско, активни се уште неколку тешки жаришта. Пожарот во Мариовско сè уште е беснее и тешко се става под контрола.
Големи проблеми предизвикува и линијата што се движи кон планинскиот врв Китка на територијата на општина Студеничани, како и пожарот над селото Добридол во општина Македонски Брод.