Во Албанија со денови траат масовни протести против изградба на хотелски комплекс на заштитен дел од албанското крајбрежје, кој треба да го гради зетот на Доналд Трамп.
Протести освен на изворната локација, секоја вече има во главниот град Тирана каде се скандираат навредливи пораки кон премиерот Еди Рама.
Но, тоа, очигледно не го вознемирува Рама кој уверува дека комплексот ќе се гради и против противењето на јавност.
Додека демонстрантите продолжуваат да бараат итно откажување на проектот и укинување на контроверзните закони, Рама се чини сосема рамнодушен, дури и провокативен.
Рама на своите канали на социјалните мрежи сподели неколку „омилени“ транспаренти од протестите, а потоа и бизарно видео генерирано од вештачка интелигенција на кое е прикажан во кожно мини-здолниште и градник, играјќи ја улогата на инфлуенсер кој известува од местото на протестот.
„Кој и да го направил ова, секоја чест за него“, напиша Рама во описот на видеото, додавајќи емотикон од кој плаче од смеа.
Ваквиот потег на Рама дополнително ја наелектризира албанската јавност и го зголеми револтот кој неговите противници.