Еден специјалец убиен, друг ранет во полициска акција во Албанија

Во акцијата која била спроведена на планината Боден, осомничениот, кој се криел во бачило бил „неутрализиран“ за време на операцијата за негово апсење.

Еден припадник на специјалната полициска единица „Шќипоња“, утрово загина при вршење на должноста, додека негов колега е повреден од истрели од огнено оружје од лице барано со потерница во близина на градот Малиќ, Округ Корча.

Во акцијата која била спроведена на планината Боден, осомничениот, кој се криел во бачило бил „неутрализиран“ за време на операцијата за негово апсење.

Околу 7:30 часот, полициските служби го опколиле местото каде што се сомничело дека се криело лицето Виоланд Брачелари (43) осуден во 2017 година на 9 години, 11 месеци и 7 дена затвор од страна на Корчанскиот суд, за кривично дело „Производство и продажба на наркотични дроги“, додека во 2011 година му била изречена безбедносна мерка „затвроски притвор“, за кривично дело „Одгледување на наркотични растенија“, објави полицијата.

Силна осуда и длабоко и искрено сочувство до семејствто на Маколи и желби за побрзо закрепнување на Агри, изразија шефот на државата Бајрам Бегај, премирот Еди Рама, министерот за внатрешни работи Бесфор Ламалари, политички партии.

е-Трн да боцка во твојот инбокс