ДЗР открива слабости во системот за исплата на социјална заштита: можни неправилности и неусогласености

Државниот завод за ревизија утврди дека системот за остварување и исплата на правата од социјална заштита не е целосно усогласен со законската рамка, со слабости во контролите и размената на податоци меѓу институциите.

Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврдил слабости во системот за остварување, исплата и контрола на правата од социјална заштита во Македонија, покажува најновиот ревизорски извештај.

Според наодите, системот не е целосно усогласен со законската и подзаконската регулатива, а се нотираат недоречености и неусогласености во правната рамка, особено во делот на прибирање и размена на податоци по службена должност. Тоа, како што се наведува, може да доведе до нееднаква примена во пракса и намалена правна сигурност.

Ревизијата опфати период од 2022 година до јуни 2025 година и укажува на проблеми во системските контроли и координацијата меѓу институциите, што влијае врз ефикасноста на целиот систем.

Во извештајот се нагласува дека ваквите слабости отвораат простор за неправилности и ја нагласуваат потребата од подобро поврзување и контрола на податоците меѓу надлежните институции.

ДЗР препорачува унапредување на регулативата и системските решенија со цел подобрување на транспарентноста, точноста и сигурноста во исплатата на правата од социјална заштита.

е-Трн да боцка во твојот инбокс