Британскиот готвач Џејми Оливер го посети Белград, каде што предизвика огромен интерес и се дружеше со обожавателите.
Џејми Оливер пристигна во Белград и го посети својот „Џејмис Паста Бар“ во „Фуд Хангар“, каде што го пречекаа бројни обожаватели. Пред ресторанот се создадоа редици од луѓе кои чекаа можност за фотографија и средба со познатата кулинарска ѕвезда.
Оливер опуштено комуницираше со присутните, поздравуваше обожаватели, потпишуваше автограми и се фотографираше со нив, а воедно им делеше и кулинарски совети. Тој изјави дека енергијата на градот и луѓето му оставила силен впечаток.
Неговиот ресторан веќе привлекува голем број посетители, а овој настан дополнително го зголеми интересот. Во текот на посетата, Оливер готвел во три термини, кои биле целосно распродадени.
Гостите кои успеале да резервираат место уживале во мени инспирирано од италијанската кујна, со јадења како пржени лазањи, крцкави лигњи, брускети, паста со ракчиња, карбонара, таљатели болоњезе и рижото росо.
Менито, наречено „Џејми ја слави Италија“, чинело околу 7.500 динари, односно приближно 64 евра по лице.
Оливер дел од атмосферата сподели и на социјалните мрежи, каде објави фотографии и видеа од посетата.