Поднаслов:
„Домнеж“ е победничкиот збор на втората „Зборотворба на годината“. Негова авторка е Ангелина Наџаковска, која со овој нов збор го освои првото место на иницијативата посветена на создавањето и разигрувањето на македонскиот јазик. „Понекогаш чувството постои многу пред да најдеме име за него“, вели Наџаковска, изразувајќи надеж дека „домнеж“ отсега ќе стане збор во кој многумина ќе препознаат нешто свое.
Втората „Зборотворба на годината“ собра голем број предлози од граѓани кои со својата креативност понудија нови зборови и изрази, придонесувајќи кон збогатувањето на македонскиот јазик. Организаторите упатија благодарност до сите што испратиле свои предлози, како и до жирито за вниманието, знаењето и посветеноста во изборот на победничкиот збор.
„Честитки за „домнеж“ – збор што можеби допрва ќе го најде своето место во секојдневниот македонски јазик.“