Израел даде конечно одобрение за планот за купување борбени авиони Ф-35 и Ф-15IA од американските компании Локид Мартин и Боинг во договор вреден десетици милијарди долари, објави Министерството за одбрана.
Договорот, одобрен од израелскиот комитет за набавки, претставува прв чекор во планот од 119 милијарди долари за зајакнување на израелската војска и „зголемување на подготвеноста пред тешката деценија за израелската безбедност“, соопшти министерството.
Министерството додаде дека новиот авион ќе биде основа за долгорочен развој на војската, одговарајќи на регионалните закани и зачувувајќи ја стратешката воздушна супериорност на Израел.
„Покрај итните потреби за набавка во воен период, имаме одговорност да дејствуваме сега за да ја обезбедиме воената предност на израелските одбранбени сили во период од 10 години и понатаму“, рече Амир Барам, висок функционер во Министерството за одбрана.
Војната со Иран „потврди колку е критичен стратешкиот однос меѓу САД и Израел и колку остануваат клучни напредните воени воздухопловни сили“, додаде тој.
Според договорот, Израел ќе купи четврта ескадрила авиони Ф-35 од „Локид Мартин“ и втора ескадрила авиони Ф-15IA од „Боинг“. „Боинг“ во декември обезбеди договор од 8,6 милијарди долари со Израел, вклучувајќи 25 нови авиони Ф-15IA и опција за купување на дополнителни 25.