До 18 часот регистирани девет пожари, активен е само еден

ОД ЦУК додаваат дека од сите пожари, еден пожар е активен, еден пожар е ставен под контрола, а седум пожари се изгаснати

На територијата на државата до 18:00 часот се регистрирани вкупно 9 пожари на отворен простор, информираат од Центарот за управување со кризи.

Оттаму додаваат дека од сите пожари, еден пожар е активен, еден пожар е ставен под контрола, а седум пожари се изгаснати.

Активен пожар има во Општина Штип – град Штип каде гори депонија

Пожар под контрола е пожарот во општините Свети Николе и Лозово – с. Делисинци и с. Сарамзалино (ниска вегетација).

Изгаснати пожари се: Општина Куманово – ул. „Ѓуро Пуцар“ бр. 38 (ниска вегетација); Општина Чашка – с. Чашка (ниска вегетација); Општина Демир Хисар – с. Обедник (ниска вегетација); Општина Гази Баба – с. Јурумлери (сува трева, грмушки и кабаст отпад); Општина Липково – с. Липково (сува трева); Општина Липково – с. Матејче (сува трева); Општина Куманово – населба Перо Чичо (бандери и дрвја).

е-Трн да боцка во твојот инбокс