Денес не очекува претежно сончево и многу топло време, но попладневните часови носат услови за нестабилност и локални поројни врнежи. Според УХМР, претпладне времето ќе биде сончево и топло, додека во попладневните и вечерните часови на места ќе стане нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите може да прераснат и во невреме со силен ветер и појава на град.
Во Скопје,метеоролозите прогнозираат максимална температура од околу 38°C и минимална од 19°C. За главниот град прогнозата укажува на претежно сончево и многу топло време во текот на денот.
Така, утрешниот ден ќе има две лица, сончево и жешко претпладне, а потоа можност за развој на локална нестабилност. Најголемо внимание се препорачува во попладневните и вечерните часови, особено поради можноста за нагли засилувања на ветерот, пороен дожд и грмежи.
Жешкото време нема веднаш да попушти. Скопје останува со прогноза до 38°C во вторник, а во среда околу 36°C, по што повторно следуваат денови со температури од околу 38–39°C.