Дел од корисниците во општина Кисела Вода денеска ќе останат без електрична енергија поради планиран прекин во снабдувањето. Според известувањето на ЕВН Македонија, без струја ќе бидат корисници на улицата „Гераника“, односно на подулиците 3, 5, 7 и 10.
Планираните прекини се однесуваат на однапред најавени активности поврзани со интервенции, одржување или зафати на дистрибутивната мрежа. За информации за прекини и дефекти, ЕВН Македонија го има достапен контакт-центарот на 02/3205-000, додека дефекти во напојувањето може да се пријават на 02/3205-300.