Дел од дрон најден на плажа во Романија

Делот на кој имало и експлозивно полнење, бил најден меѓу лежалките на плажата, а пристапот за туристите до зоната е ограничен

На плажа во романското црноморско одморалиште „Олимп“, на околу 38 километри јужно од Констанца, утрово бил пронајден дел од дрон, јавија романските медиуми.

Според извори на телевизијата „Антена“, остатоците содржеле експлозивно полнење.

Делот бил најден меѓу лежалките на плажата, посочува телевизијата. Пристапот за туристите до зоната е ограничен. Неколку луѓе поднеле пријава.

Остатоци од дрон синоќа биле најдени и на бранобранот на крајбрежното шеталиште во Констанца, во близина на легендарното „Казино“ во црноморскиот град.

Шести ден по ред остатоци од дронови ги држат под тревога населението и властите во Романија, потсетува „Антена“. Изминатите денови романските власти во неколку наврати испраќаа борбени авиони и хеликоптери за да ги следат нападите со дронови во близина на границата со Украина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс