Доаѓа уште еден Божиќ заедно со дебатата дали „Умри машки“ е божиќен филм. Акциониот филм од 1988 година во кој Брус Вилис го глуми легендарниот детектив Џон Меклејн често се наведува како еден од најдобрите божиќни филмови на сите времиња. Сепак, многу луѓе се прашуваат – дали навистина е филм со божиќна тема?
Претходно оваа година, режисерот на филмот Џон МекТирнан се осврна на оваа често дискутирана тема за поткастот Империја. Директно го прашале: Дали „Умри машки“ е Божиќен филм?
„Не зависи од нас да го кажеме тоа, туку од народот. На публиката е да го каже тоа. Замислете го како божиќен филм, намерно е сместен околу Божиќ, но не требаше да биде божиќен филм“, рече Џон.
Така, МекТернан не планираше Умри машки да биде божиќен филм, но сосема е во ред да го замислиме како таков.
Ко-сценаристот Стив Е. де Соуза даде слична изјава за Dazed во 2017 година. „Иако, се разбира, многу се осврнав на сезоната на празници во сценариото, дури кога стапнав на сетот и ја видов огромната елка и сите украси на локациите на деловните згради сфатив колку е божиќен филмот, иако никој не го спомна тоа“, рече тој. Сепак, Брус Вилис претходно изјави дека „Умри машки“ не е божиќен филм.
Дејството на филмот се одвива за време на божиќните празници, кога има прослава за вработените на 30-тиот кат на корпорацијата Накатоми во Лос Анџелес. Меѓу вработените е и Холи Џенаро Меклејн, сопругата на њујоршкиот детектив Џон Меклејн, кој штотуку пристигнал во градот да ја посети својата сопруга. Меѓутоа, пред Џон целосно да се опушти, група на многу опасни терористи предводени од смртоносниот и бездушен Ханс Грубер упаѓаат во зградата.
Терористите ги убиваат чуварите и ја преземаат контролата над зградата. Потоа ги собираат сите присутни во една просторија, вклучувајќи го и Грубер, кој брзо го убива директорот на корпорацијата Такаги. Слушајќи ги истрелите, Меклејн сфаќа што се случува и дека Холи станала заложник, но и дека тој е единствениот кој може да им помогне доколку преземе итна акција.