Дали храната за испорака полека нé убива?

Според една студија пластичен сад во микробранова печка може да ослободи дури 4,2 милиони микропластични честички на квадратен сантиметар

Нова студија, објавена во списанието Ecotoxicology and Environmental Safety, покажала дека консумирањето храна од пластични садови за испорака може значително да го зголеми ризикот од конгестивна срцева слабост.

Податоците што ги наведуваат во студијата откриваат дека честото изложување на пластика е значително поврзано со зголемен ризик од конгестивна срцева слабост, а тоа е затоа што тие го менуваат биомот на цревата, што потоа предизвикува воспаление кое го оштетува циркулаторниот систем.

Според истражувачите, пластиката може да содржи која било од околу 20.000 хемикалии, од кои многу претставуваат ризици по здравјето. Иако нивната работа не испита точно кои хемикалии од пакувањето со храна влегуваат во самата храна, тие забележаа врска помеѓу вообичаените пластични соединенија и срцевите заболувања и помеѓу биомот на цревата и срцевите заболувања.

За време на тестот, тие ставиле врела вода во резервоарите на една, пет и 15 минути. Имено, познато е дека хемикалиите од пластиката се ослободуваат во многу поголема количина кога содржината во пластичниот сад е топла. Истражувачите потоа им дале да пијат вода од пластичните садови на стаорците и го анализирале биомот на цревата и метаболитите во изметот во текот на неколку месеци.

Истражувањето покажа дека консумирањето на таква вода ја менува микросредината во цревата, влијае на составот на цревната микробиота и ги модифицира метаболитите на цревната микробиота, особено оние со воспаление и оксидативен стрес, пишуваат истражувачите во студијата.

Позитивно е што се повеќе ресторани кои имаат достава на храна користат еколошки замени за пластиката, па храната ја пакуваат во картон или фолија, а обезбедуваат и дрвен прибор за јадење.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни