Search

Цепелин на соларна енергија ќе го обиколува светот

Euro Airship, компанија специјализирана за проектирање, конструирање и продажба на воздушни бродови, го најави лансирањето на цепелинот Solar Airship One, кој нонстоп ќе лета околу целиот свет без да користи фосилни горива или да емитува CO2. Овој проект без преседан ќе биде првата светска демонстрација на целосно ново решение за мобилност со ниска емисија на јаглерод.

Дење соларните панели ќе ги придвижуваат електричните погонски системи на цепелинот, додека исто така ќе собираат и доволно енергија за ноќен лет со електролиза на водата до водород. Ноќе водородот ќе поминува низ ќелија и ќе дава снага за продолжување на летот.

Со цепелинот ќе управува поранешниот француски астронаут и пилот на военото воздухопловство, Мишел Тоњини, кој преживеал авионска несреќа и акробатскиот пилот Дорин Бурнетон, како и авантуристот Бертранд Пикард. Тимот на Euro Airship очекува просечна брзина на летот од малку над 83 км/ч и веруваат дека патувањето околу светот ќе трае околу 20 дена.

Енергијата што ќе ја користи Solar Airship One е обновлива, но една клучна компонента не е . Неговата крута структура е исполнета со 15 посебни обвивки, кои содржат вкупно 50.000 кубни метри хелиум.

Тимот на Euro Airshipa се подготвува за патување околу светот во 2026 година, при што ќе се задржи околу екваторот и на висина од околу 6.000 метри.

Извор: vidi.hr

Најново

Последни колумни