Цените на нафтата денеска паднаа за околу шест проценти по зголемените надежи за постигнување мировен договор меѓу САД и Иран. Цената на нафтата „Брент“ се движеше околу 103 долари за барел, а американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) околу 96 долари за барел, пренесува „Трејдинг економикс“.
Техеран соопшти дека разгледува предлог поддржан од САД за завршување на двомесечниот конфликт, а се очекува одговор во наредните денови преку посредници од Пакистан, по донесување конечна одлука.