Бритни Спирс одлучила да побара стручна помош за зависност, а според извори, клучна улога во одлуката имале нејзините синови.
Бритни Спирс донела одлука доброволно да се пријави на третман за одвикнување, а според извори, најголемо влијание врз таа одлука имале нејзините синови, Шон Престон и Џејден Џејмс. Тие биле најдиректни во разговорите со неа, со јасна порака дека сакаат да биде здрава и стабилна.
Одлуката за лекување следела по нејзиното апсење во март во Калифорнија, поради возење под влијание на опијати. Изворите наведуваат дека таа била силно потресена по настанот, а можноста за затворска казна дополнително ја вознемирила. Потребни ѝ биле недели да прифати дека рехабилитацијата е најдобро решение.
Нејзиниот тим уште по апсењето инсистирал на третман и се обидувал да ѝ обезбеди поддршка, иако ситуацијата била сложена и загрижувачка. Притисокот и грижата од најблиските продолжиле и во наредниот период, што на крајот придонело таа самата да донесе одлука да побара помош.
Во врска со нејзиниот потег се огласил и поранешниот сопруг Кевин Федерлајн, кој изјавил дека ја поддржува секоја помош што ја добива. Тој нагласил дека најважно е одлуката да биде нејзина и да дојде од лична подготвеност за промена.