Бункерот се наоѓа во селото Ворхмил, во близина на земјоделски полиња и е еден од 1500 вакви бункери изградени во 1950тите години, дизајнирани да преживеат нуклеарен напад.
Во текстот на огласот се наведува дека овој бункер настанал во периодот на студената војна и дека планирано било во него да се сместат набљудувачи кои би известувале за последиците од руски нуклеарен напад.
Се состои од две простории, има и тоалет, зависи и целиот неопходен декор. Според огласот, единствена маана на бункерот е што во него собира само три лица.
„Има капацитет во него да се внесе и храна и вода за две недели. Иако во него се влегува само со скали, многу е удобен“ наведуваат агентите кои го продаваат.
„Бункерот никогаш не е користен. Во пакет со него оди и телефон и упатство за употреба, што треба да се користи во случај на напад, како и рачна сирена“ прецизирано е во огласот.