Биткоинот достигна рекордни 75.000 долари, вредноста на доларот расте

Доларот утринава скокна за околу 1,5 отсто во однос на јенот и еврото на берзите во Азија. Откако го надмина својот последен историски максимум во март (73.797,98 долари), првата дигитална валута по пазарна капитализација се искачи на 75.005 долари во 03:08 часот по Гринич денес, што претставува зголемување од околу 8,0 проценти

Биткоинот денеска за прв пат ја проби границата од 75.000 долари, поттикнат од изгледите за регулаторно опуштање поволно за дигиталните валути доколку Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД.

Исто така, доларот утринава скокна за околу 1,5 отсто во однос на јенот и еврото на берзите во Азија. Откако го надмина својот последен историски максимум во март (73.797,98 долари), првата дигитална валута по пазарна капитализација се искачи на 75.005 долари во 03:08 часот по Гринич денес, што претставува зголемување од околу 8,0 проценти. Етер, другата главна дигитална валута, се тргуваше за 2.585 долари, што е раст од 6,0 отсто.

Цената на биткоинот порасна во согласност со доларот на пазарите поврзани со првите резултати од претседателските избори во САД, вклучувајќи ги и државите што ги освои Доналд Трамп, а неговото водство пред Камала Харис се смета за навестување на конечниот исход од изборите. „Пазарите почнуваат да се обложуваат на враќањето на Трамп. Тој победи со поголема разлика од очекуваното во Флорида, држава многу населена, што ги зајакнува очекувањата за резултатите на републиканците во другите држави“, подвлече Хуго Кубои, стратег во Даива Секјуритис, цитиран од Блумберг, пренесува Нова.рс.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни