Search

Били Ајлиш призна дека е бисексуалка: „Мислев дека е очигледно“

Познатата пејачка Били Ајлиш призна во јавноста дека е бисексуалка. Таа проговори за својата сексуалност и за тоа дека ја привлекуваат жени.

Во саботата, Били Ајлиш прошета на црвениот тепих на настанот организиран од „Варајети“, за промоција на најдобрите песни на годината, и пред новинарите таа откри дека немала намера да направи спектакл со откривањето на нејзината сексуалност.

„Зарем тоа не беше очигледно? Не сфатив дека луѓето не знаат. Јас едноставно не верувам во тоа. Зошто не можеме едноставно да постоиме? Го правам ова долго време, и едноставно не зборував за тоа“, рече Били за „Варајети’’.

Во Ноемвриското издание на списанието ,,Варајети’’ младата пејачка зборуваше за нејзините чувства кон жените:

„Имам длабоки врски со жените во мојот живот, пријателите , семејството во мојот живот. Физички ме привлекуваат. Но, исто така сум и преплашена од нив, нивната убавина и нивното присуство“, изјави пејачката.

Новинарката од од „Варајети’’ праша дали нејзината перспектива за тоа како другите жени се чувствуваат со неа се променила по објавувањето на приказната. Ајлиш одговори: „Сè уште се плашам од нив, но мислам дека се убави!

Били Ајлиш изгуби повеќе од 100.000 следбеници на Инстаграм по изјавата за нејзината сексуалност.

Извор: variety.com

Најново

Последни колумни