Актерката Џенифер Анистон неодамна откри дека со вежбање си го упропастила телото. Иако за себе знае да каже дека веќе не изгледа толку добро, многумина и се восхитуваат не нејзиното тело.
Во една прилика Анистон зборуваше за своето мени, на кое се должи нејзиното вито тело и мускули.
Појадок
Веднаш по будењето, Џенифер пие топла вода со лимон, а потоа кафе со малку млеко. Појадува авокадо и јајца со кокосово масло, или овесна каша со овошки. Признала дека ја обожава структурата на овесната и сличните каши, иако тоа звучи необично. Покрај тоа Анистон секое утро внесува и препорачана доза на протеини.
Често знае да ужива во чоколадни шејкови, доколку нема време за класичен појадок. Тој се состои од банана, замрзнати бобинки или цреши, зелен лиснат зеленчук и какао.
Ручек
Џенифер Анистон во своето мени за ручек покрај другото секогаш има свежа зеленчукова салата.
„Секогаш имам исечкан свеж зеленчук во фрижидер, како и тврдо варени јајца. Исто така сакам пилешко, туна на скара или пилешки плескавици”, вели таа. Иако сака зеленчук, никогаш не јаде цвекло.

Ужина
Џенифер Анистон пие многу вода и обожава јаболки во комбинација со путер од кикирики, сирење или јаткасти плодови.
Вечера
„Навистина сакам мојата креативност да дојде до израз за време на вечерата“, изјавила Анистон за „Pipl“. Актерката строго појадува зеленчук и протеини, но некогаш знае да ужива и во вкусна пица и слатки деликатеси.
Пијалак
За Џенифер Анистон омилен пијалак е коктелот „Маргарита“, но никогаш не го засладува, бидејќи не сака благи пијачки.
Извор: mondo.rs