Бебињата уште од четири месеци имаат вкус за уметност

Фото: Shutterstock/SzB

Вкусот за уметност се развива уште од рана возраст, според студијата која покажа дека бебињата на возраст од четири месеци покажуваат уметнички тенденции.

Психолозите од Универзитетот во Сари покажаа слики на возрасни и бебиња од познатиот холандски сликар Винсент Ван Гог. И на двете групи повеќе им се допаѓале истите слики

Тим од Baby Lab на Универзитетот во Сасекс во Велика Британија, исто така, откри дека бебињата сакаат слики кои имаат повеќе рабови, како што се оние со лисја или гранки и со заоблени линии.

Во наодите објавени во „Journal of Vision“, научниците велат дека уметничките тенденции се вкоренуваат во раното детство.

Главниот автор Филип МекАдамс рече дека е „фасцинантно што бебињата реагираат на основните елементи на сликите како што се рабовите и боите, и дека овие својства може да дадат голем дел од одговорот зошто бебињата, како возрасните, сакаат одредени уметнички дела“.

„Нашето истражување, исто така, се чини дека идентификуваше карактеристики на естетиката на возрасните кои може да се проследат наназад до сензорните преференции во детството. Нашите наоди покажуваат дека визуелните системи и преференциите на децата се пософистицирани отколку што обично се мисли“, рече тимот.

Студијата е спроведена на 25 бебиња на возраст меѓу четири и осум месеци и 25 возрасни.

Бебињата седеле во скутот на нивните родители додека 40 слики, меѓу кои и онаа на Ван Гог, им биле прикажани на таблет. На возрасните им биле прикажани истите дела и биле прашани кое од двете им е попријатно. Од видеата се гледа дека децата подолго гледале во пејзажите на Ван Гог, кои ги сакале и возрасните.

Истражувачите откриле и разлики меѓу вкусовите на најмладите и возрасните. Бебињата претпочитаат слики со повеќе рабови и криви линии, што не им е омилено на возрасните.

Професорката Ана Френклин, шеф на групата за боја во Сасекс и основачка на лабораторијата за бебиња е една од водечките авторки на овој докуемт и изјави дека се зачудени на тоа како малите бебиња реагираат на уметноста.

„Иако нивниот вид е многу заматен, нашето истражување покажува дека бебињата од четири месеци можат да видат доволно добро за да гледаат некои слики подолго од другите и можат да го задржат вниманието на многу уметнички детали“.

Извор: N1

е-Трн да боцка во твојот инбокс