Авион на „Туркиш ерлајнс“ се запалил при слетување во Непал

За среќа, сите патници и членови на екипажот во авионот биле безбедно евакуирани и немало повредени, објавија локалните власти
Фото: MoukhametovR/Wikimedia Commons

Авион на турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ се запалил при слетување на Меѓународниот аеродром Трибхуван во Катманду, главниот град на Непал.

За среќа, сите патници и членови на екипажот биле безбедно евакуирани и немало повредени, објавија локалните власти.

Сите 277 патници и 11 членови на екипажот, кои пристигнале од Истанбул, биле евакуирани преку итните излези поради пожарот, а никој не бил повреден, изјави портпаролот на Управата за цивилно воздухопловство на Непал, Гјанендра Бул.

Од авиокомпанијата соопштија дека бил забележан чад во системот за слетување додека авионот се движел по пистата, по што веднаш биле започнати технички проверки.

„Првичните проценки укажуваат дека чадот бил предизвикан од технички дефект на хидраулична цевка“, изјави Јахја Устун, висок потпретседател за комуникации на авиокомпанијата, преку социјалната мрежа X.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни