Анкета: Поддржувачите на Петер Маѓар бараат поголема заштита на ЛГБТ правата и посилни климатски политики

epa12885597 President of the opposition Tisza Party Peter Magyar holds a press conference during the party's election night watch event after the closing of the polling stations for the general election in Budapest, Hungary, 12 April 2026. EPA/Tibor Illyes HUNGARY OUT

Големо мнозинство од гласачите на новиот унгарски премиер Петер Маѓар очекуваат новата влада да води попрогресивна политика кон климатските промени и правата на ЛГБТ заедницата, покажува ново истражување објавено од European Council on Foreign Relations (ECFR).

Според анкетата, 77 проценти од поддржувачите на партијата Tisza сакаат поамбициозна климатска политика, додека 71 процент сметаат дека владата треба активно да ги штити правата на ЛГБТ лицата. Партијата на Маѓар минатиот месец освои убедливо мнозинство на изборите и стави крај на 16-годишното владеење на Виктор Орбан.

Аналитичарот Павел Зерка од ECFR изјави дека резултатите биле изненадувачки и покажуваат јасен мандат за попрогресивен пристап.

– Постои многу јасна порака дека новата влада треба да заземе попрогресивен став. Но прашање е дали Маѓар ќе ги слуша сопствените гласачи или поширокото избирачко тело, кое е значително поделено – изјави Зерка за The Guardian.

Иако Маѓар е поранешен член на десничарската партија Fidey, за време на кампањата избегнуваше јасни ставови за чувствителните општествени теми. Истражувањето покажува и дека мнозинството Унгарци сакаат подобри односи со Европска Унија, при што 79 проценти очекуваат подобрување на релациите со Брисел, а 73 проценти веруваат дека земјата повторно ќе добие пристап до замрзнатите европски фондови.

Сепак, граѓаните остануваат внимателни кога станува збор за Украина и Русија. Само 24 проценти поддржуваат финансиска помош за Украина, а 12 проценти воена помош, додека повеќе од половина испитаници се против прекин на увозот на руска енергија.

Аналитичарите оценуваат дека победата на Маѓар претставува пред сè глас за внатрешни промени, а не за целосен геополитички пресврт.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни