Анимираниот краток филм „Лефти и Рајти” доби поддршка за малцинската копродукција од Хрватскиот Аудиовизуелен Центар (HAVC).
Како малцински копродуцент се јавува „Minya Film i Animacija“, а е во продукција на „зАнимација“, во режија на Илија Тодоровски.
„Лефти и Рајти” е анимиран филм за деца каде една бела блуза и маслинести панталони со платка се главните ликови. Концептот е граден врз основа на сликовниците на Наташа Дукоска, која се потпишува како сценарист.
Филмот е поддржан од Агенција за филм на Република Северна Македонија
Премиерата кај нас се очекува да биде до крајот на годината.