Amazon оваа недела официјално го најави лансирањето на услугата Amazon Supply Chain Services (ASCS), со што започнува процес на отворање на својата огромна логистичка и снабдувачка мрежа за сите видови и големини на надворешни компании.
Овој потег ќе им овозможи на фирми од малопродажба, здравство, индустрија или автомобилскиот сектор да ги користат капацитетите на Amazon за транспорт, складирање и испорака на стоки – без разлика дали продаваат преку платформата на Amazon или не.
Глобална мрежа
Оваа стратегија потсетува на развојот на Amazon Web Services, кој од внатрешно решение прерасна во глобален лидер во cloud услугите откако се отвори за надворешни корисници.
Во случајов, логистичкиот пакет опфаќа целосен спектар услуги прекуокеански транспорт од фабрики, царинење, масовно складирање и дистрибуција низ различни продажни канали.
Системот на Amazon нуди автоматизирани решенија што овозможуваат транспорт „од фабрика до врата“, со рокови на испорака од 2 до 5 дена (на американскиот пазар).
Меѓу првите големи клиенти во САД се: Procter & Gamble, 3M, American Eagle Outfitters
Од FBA до глобална логистика
Одлуката се базира на успехот на моделот Fulfillment by Amazon (FBA), преку кој од 2006 година се испорачани повеќе од 80 милијарди производи. Искуството покажува дека продавачите кои користат „end-to-end“ решенија остваруваат околу 20% поголема продажба. Со ова проширување, Amazon директно влегува во конкуренција со гигантите: UPS и FedEx.
Компанијата располага со флота од над 100 товарни авиони и широка мрежа на дистрибутивни центри ширум светот.
Експертите прогнозираат дека овој потег може значително да влијае врз цените на испорака, брзината на доставата и целокупната конкуренција во логистичкиот сектор. Со други зборови, Amazon повеќе не е само e-commerce платформа, туку станува глобален логистички играч.