Вештачката интелигенција и препораките од социјалните мрежи директно ги преобликуваат потрошувачките одлуки на домашните купувачи, покажуваат одговорите од последната теренска анкета со граѓаните во Скопје. Овие дигитални навики, практичните дилеми меѓу алгоритмите и инфлуенсерите, како и потенцијалот на домашните производи на глобалните платформи како Амазон, доаѓаат во фокусот пред конференцијата за е-трговија што Асоцијацијата за е-трговија на Македонија ја организира на 3 ноември во Националната опера и балет.
Ги прашавме граѓаните чии препораки повеќе влијаат врз нивниот избор при онлајн купување – оние од вештачката интелигенција или од инфлуенсерите на социјалните мрежи.
Анкетираните граѓани добија и предизвик да кажат што би купиле со 100 евра и само 5 минути за онлајн. Но, најинтересни беа одговорите на прашањето кога би имале можност да продаваат само еден македонски производ на Amazon, што би избрале?
Од традиционални производи до навистина креативни идеи – имаше интересни предлози!
Токму е-трговијата ќе биде во фокусот на E-commerce Conference 2026, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Конференцијата ќе се одржи на 3 ноември во Националната опера и балет во Скопје.
