Популарната пејачка Адел изјави дека прави поголема пауза од музичката сцена, изјавувајќи дека нејзиниот резервоар е празен во моментов и дека нема план за нова музика.
Во интервјуто дадено за германската телевизија ZDF, Адел вели дека сака да направи поголема пауза и да прави други креативни работи одреден период.
„Не сакам да бидам позната. Сепак сакам што можам да правам музика постојано“ рекла Адел, која и претходно правеше паузи од музиката за да ја врати креативноста.
Нејзиниот деби албум „19“ беше објавен во 2008 година, додека следниот албум насловен „21“ излезе три години подоцна. Нејзиниот трет студиски албум „25“ беше објавен во 2015 година, а во 2021 излезе четвртиот албум „30“.