Естонија и официјално ја затвора границата со Русија на 6 месеци

Естонија оваа недела објави дека ќе ги затвори сите гранични премини со Русија од следниот месец по сомнителниот пожар на естонска одбранбена компанија
Талин, Естонија - Фото: CAPTAIN RAJU/Wikimedia Commons

Естонија ќе ги затвори своите гранични премини со Русија најмалку шест месеци од 1 декември од безбедносни причини, соопшти денеска владата во Талин.

Естонија оваа недела објави дека ќе ги затвори сите гранични премини со Русија од следниот месец по сомнителниот пожар на естонска одбранбена компанија, за што Талин ја обвини Москва, но не прецизираше колку долго ќе биде затворена границата.

„Естонските компании од одбранбената индустрија беа цел на напади двапати оваа година, а според естонската Служба за внатрешна безбедност, во двата случаи нападите беа нарачани од руските специјални служби“, се додава во соопштението.

Москва редовно ги отфрла обвинувањата од европските власти за вмешаност во саботажа. Естонија, членка на НАТО и на Европската Унија и цврст поддржувач на Украина, моментално има пет гранични премини преку кои патниците можат да влезат или да излезат од Русија, соопшти владата.

Одговор на непријателските активности на Русија

„Оваа одлука е одговор на континуираните непријателски активности на Русија против Естонија и други европски земји“, се вели во соопштението на владата.

„Естонските компании од одбранбената индустрија беа цел на напади двапати оваа година, а според естонската Служба за внатрешна безбедност, во двата случаи нападите беа нарачани од руските специјални служби“, се додава во соопштението.


Москва редовно ги отфрла обвинувањата од европските власти за вмешаност во саботажа. Естонија, членка на НАТО и на Европската Унија и цврст поддржувач на Украина, моментално има пет гранични премини преку кои патниците можат да влезат или да излезат од Русија, соопшти владата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс