Канадската пејачка Кети Пери и холандскиот диџеј Мартин Герикс се најновите имиња на А-листата на селебрити кои добија јакни со потписот на Сатја Грабулоски.
Двете јакни се изработени рачно, специјално за нив, од вегански материјало, а потао се рачно и насликани.

„Јакната на Кети е инспирирана од нејзината неверојатна кариера, а во четирите букви од нејзиното име, кои доминираат на грбот, се насликани четири приказни инспирирани од четири нејзини песни. Онаа на Герикс, пак, е инспирирана од неговата страст за уметност, а низ неа е скриено името Marty, како што го викале кога бил дете, но и како што ќе се вика неговиот претстоен албум. За оваа јакна ни требаа околу 120 часа рачна работа,“ вели Грабулоски.

Јакните на светските уметници им беа предадени летово, на фестивалот Sunny Hill, од страна на Дуа Липа и нејзиниот татко Дукаѓин (Дуги) Липа, кој е основач на фестивалот. Тие неколку години наназад соработуваат со SWithADot студио и Сатја Грабулоски, па секој од учесниците на фестивалот добива подарок со потписот на нашиот дизајнер.
Освен Пери и Герикс, на листата ѕвезди кои летово си заминаа со one-of-a-kind дизајн од SWithADot, беа и Дејвид Гета, Лука Модриќ, Стив Аоки, Антоан Гризман, Едис Џеко, Луис Капалди, Бланко и многу други.
