5 актери кои одбија улоги кои станаа популарни во добро платени филмови

Прифаќањето или одбивањето на улоги е дел од кариерата на секој актер. Сепак, некои актери и музички ѕвезди по се се чини дека во даден момент направиле фатална грешка која подоцна ги чинела вртоглав успех. Улогите кои им биле понудени не ги прифатиле, а подоцна токму тие ликови ги освоија срцата на публиката. Со самото тоа што некои актери кажаа не на некои улоги и филмовите добија поинаков развој.

Џош Хартнет како Супермен

Малкумина знаат дека американскиот актер Џош Хартнет бил оној на кого првично му е понудено да ги игра улогите на Бетмен и Супермен, но тој одбил. Актерот во една прилика рекол дека оваа одлука била правилна и можеби единствената исправна што ја донел. Џош не сакал да стане „заложник’ на како што рекол стереотипни улоги и затоа не размислувал воопшто за овие улоги и филмски соработки

Мет Дејмон како Аватар

Мет призна дека одбил да глуми во „Аватар“, што го чинеше околу 250.000.000 долари. По таквата одлука тој кажал дека тоа го натерало да се чувствува како најглупавиот и најнеразумниот бизнисмен на светот. Сепак, причината за одбивањето на улогата е тоа што Мет, кога ја добил таа понуда, веќе бил дел од друг филмски проект, а со тоа не можел паралелно да работи на двете места.

Бред Пит во Матрикс

Тешко е да се замисли некој друг освен Кијану Ривс да глуми во Матрикс. Сепак, улогата на Нео најпрво му беше понудена на Бред Пит. Тој објаснил дека никогаш не мислел дека улогата е за него. Тој во едно гостување изјавил: „Ако правам листа на улоги, во одличните филмови, што сум ги одбил ќе ми требаа 2 ноќи“.

Лоренс Фишбурн во Pulp Fiction

За неговите фанови, Лоренс Фишбурн остана Морфеј од Матрикс и тоа со години. Сепак работите можеа да бидат многу поразлични ако Лоренс не се откажеше од многу улоги кои му биле понудени во периодот додека се „крчкаше“ Матрикс. Во низата на улоги кои ги одбил е и Жил Винфилд во филмот Pulp Fiction. Иако  Квентин Тарантино кога го работеше Pulp Fiction лично го поканил Лоренс тој одлучно ја одбил улогата.

Еди Марфи во Who Framed Roger Rabbit?

Филмот Who Framed Roger Rabbit? стана хит во 80-тите. Сепак, благодарение на едно интервју дознавме дека улогата прво му била понудена на Еди Марфи. Тој објасни дека ја отфрлил можноста да биде во филмот, бидејќи не мислел дека комбинацијата на човечки и анимирани ликови ќе функционира. Од денешна перспектива Еди Марфи смета дека тоа било голема грешка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс