Министертвото за здравство денеска ги соопшти новите податоци за заболени од западнонилска треска.
До денес од вирусот Западен Нил заболени се вкупно 38 лица, од кои 36 се потврдени а два случаи се веројатни.
Од забочените, 37 пациенти се од Скопје, а само во послендата недела регистрирани се 12 нови случаи, соопшти денеска министерот за здравство Сашо Клековски.
„На 11 август 2026 година, ЦЈЗ Скопје пријави епидемија на западнонилска треска во општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром и Бутел. Регистрирани се и 4 смртни случаи кај лица со невроинвазивна форма на болеста. Во тек на минатата недела (од 12 до 18 август) се пријавени 12 нови случаи. Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведе контрола на активности за дезинсекција во сите општини. Продолжуваат систематските и вонредните (по епидемиолошка индикација) активности за ларвицидна и адултицидна дезинсекција – авионска и терестичка – на територијата на Град Скопје и општините Гази Баба, Кисела Вода (н. Драчево), Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец, Сопиште, Чучер Сандево и Велес. Заклучно со 14 август 2026 година спроведени се повеќе циклуси на третман, вклучително и дополнителни интервенции на застоени водени површини во засегнатите подрачја“ истакна министерот Клековски.
Министерот потсети да се почитуваат препораките за заштита, како што се:
- Отстранување застоена вода од дворовите (тацни од саксии, стари гуми, канти) и редовно чистење на олуци.
- Поставување заштитни мрежи на прозорци и врати.
- Избегнување престој надвор во зори и самрак, кога комарците се најактивни.
- Носење облека со долги ракави и панталони и користење репеленти.
- При појава на симптоми (висока температура, главоболка, вкочанетост на вратот и сл.) веднаш да се побара лекарска помош и да се извести докторот за евентуален престој во засегнатите подрачја.