Search

 Женска недела во Бруталиск

Хуманитарна забава за Леонид и Кара

Со шест настани за возрасни и еден за деца, КЦ Бруталиск организира тематска недела 04-11 март 2024 низ која посетителите ќе можат да уживаат во содржините посветени на жените. Неделата завршува со хуманитарен настан за донации за Леноид и Тара, викендот е исполнет со стенд-ап, промоција на книга со пет македонски поетеси, детска работилница и два настапи на локални диџејки, а започнува со традиционалниот вторнички квиз овојпат наречен „Женски Квиз“.

Промоции на книги, работилници, стенд ап, музички и хуманитарни настани се на агендата следната недела во културниот центар во Дебар Маало со кои што се одбележува денот на жената.

Агенда на Женска Недела во Бруталиск:

Вторник 05.03.2024:
Женски квиз – 20ч.

Петок 08.03.2024:

  • Осмомартовски Стенд Ап со Софија Ристевска Петрушева – 20ч.
  • Holiday Friday
    DJ Ivana Dragsic 21h.

Сабота 09.03.2024:

  • Бесплатна креативна работилница за деца – 11ч.
    Осмомартовски честитки со Доротеј Нешовски
  • Промоција на книга : Нејзината песна – 19ч.

Мала поетска компилација од пет современи македонски поетеси (Весна Ацевска, Магдалена Хорват, Николина Андова Шопова, Лидија Димовска и Будимка Поповска)
по избор на Пандалф Вулкански

  • Vanilla Saturday

DJ Disco Ninja – 21ч.

Недела 10.03.2024:
Хуманитарна забава за Леонид и Кара – 20ч.

Пет различни локални диџеи (DJ Abel x cynn, Lagi, Peteljavashе, Dimchuga, Sexy Marsa, Arzu)

Најново

Последни колумни