„Зеленикс – од предизвик до иновација” настан на ИНОВА со над 200 ученици

„Зеленикс” е креативен и едукативен настан наменет за ученици од основните училишта во Скопје, кој има за цел да ги поттикне младите да размислуваат иновативно

 Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА го организира настанот „Зеленикс – од предизвик до иновација”,кој ќе се одржи на21 април во МКЦ Скопје.

„Зеленикс” е креативен и едукативен настан наменет за ученици од основните училишта во Скопје, кој има за цел да ги поттикне младите да размислуваат иновативно и да креираат одржливи (зелени) решенија за реални предизвици од нивната околина.

На настанот ќе се обратaт:

  • Проф. д-р Весна Јаневска, министерка за образование и наука
  • Г-ѓа Даниела Димовска, директорка на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА
  • Дел од градоначалници во град Скопје.

На настанот ќе учествуваат повеќе од 200 ученици од 23 основни училишта, кои преку практична работа, тимска соработка и претприемачки пристап, учениците ќе имаат можност да развиваат идеи и да ги претворат во конкретни иновативни решенија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни