Милиони луѓе во Шпанија и Исланд се подготвуваат за ретко целосно затемнување на Сонцето. Властите во Шпанија очекуваат до шест милиони посетители во руралните региони и на Балеарските Острови, додека Исланд се подготвува за прилив од околу 80.000 туристи. Појавата, која во Шпанија ќе се случи непосредно пред зајдисонце, го носи првото целосно затемнување на Сонцето на Исланд по 1954 година.
Затемувањето на Сонцето на Исланд претставува исклучиво редок настан. Последното затемнување видливо од оваа земја се случи на 30 јули 1954 година, додека главниот град Рејкјавик нема видено таков феномен уште од 1433 година. Наредното целосно затемнување на Сонцето од Исланд ќе биде видливо дури во 2196 година.
LIVE: It's eclipse day. Come watch with us.
— NASA (@NASA) August 12, 2026
Totality begins in Iceland at 1:45pm ET (1745 UTC) and in Spain at 2:28pm ET (1828 UTC). https://t.co/SlVVfuUUsr
Во Шпанија, затемнувањето се случува непосредно пред зајдисонцето, што според астрономите ќе создаде единствена светлинска слика на хоризонтот. Поради ова, локалните власти во руралните средини низ северниот дел на земјата веќе ги мобилизираат сите служби за контрола на сообраќајот и прифат на милионските маси.
Затемнувањето настанува кога Месечината минува точно помеѓу Земјата и Сонцето, целосно блокирајќи ја сончевата светлина. Иако Месечината е значително помала од Сонцето, таа успева да го заклони поради специфичниот однос во нивната оддалеченост.
Thousands gather for a total solar eclipse across Europe, parts of North America https://t.co/VsCN8dYCeS
— Reuters (@Reuters) August 12, 2026
Дијаметарот на Месечината изнесува 3.476 километри (2.159 милји), што е занемарливо во споредба со дијаметарот на Сонцето од околу 1.392.000 километри (865.000 милји) и оној на Земјата од 12.742 километри (7.918 милји). Месечината орбитира на просечна оддалеченост од 384.400 километри (238.855 милји) од Земјата, додека Сонцето е оддалечено околу 150 милиони километри (93 милиони милји).