Вучиќ распиша избори, ќе се одржат на 25 октомври

Вучиќ ја објасни својата одлука за распишување избори со тензиите во општеството и политичките несогласувања
Фото: World Economic Forum/Ciaran McCrickard/Flickr

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска напладне ги распиша предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 25 октомври.

Вучиќ ја објасни својата одлука за распишување избори со тензиите во општеството и политичките несогласувања, додавајќи дека одложувањето на изборите би го загрозило ЕКСПО и опстанокот на демократијата во Србија.

На владина седница на 7 септември, премиерот Ѓуро Мацут предложи распуштање на Собранието, што Владата го прифати на седницата.

Ова беше неопходна законска постапка за да може Вучиќ да распише избори.

Од моментот кога Владата го прифати предлогот на Мацут за распуштање на Собранието, почна да тече рок од 72 часа во кој претседателот на Републиката одлучуваше дали да го прифати образложениот предлог на Владата.

За потсетување, студентите бара распишување предвремени парламентарни избори повеќе од една година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс