Иако звучи како почеток на виц, сепак е вистина дека во одреден период во 1913 година во Виена живееле и работеле Адолф Хитлер, Лав Троцки, Јосиф Сталин и Зигмунд Фројд, а исто така се знае дека и Јосип Броз Тито во тој период работел во Виена.
Од биографиите на наведените личности може да се види дека Хитлер бил уметник кој се обидувал да се пробие во уметничкиот свет, творејќи во Виена од 1907 до 1913 година. Троцки бил во егзил во Виена од 1907 до 1914 година, пишувајќи за весник на руски јазик. Сталин во 1913 година ја посетил Виена како дел од неговите патувања.
Фројд живеел во виена во овој период, работејќи на неговата психоанализа, додека Тито живеел во Виена како млад работник и социјалистички активист.
Не постојат докази дека било кои од овие личности се сретнале или комуницирале во Виена, но интересно е што сите се движеле во радиус од 5 километри.