Search

Внимание: Канабис или дијазепам? Дали Скопје ќе биде насмеан или депресивен град?

Во најновата анкета на „Внимание, внимание“, објавена на „Трн.мк“, граѓаните зборуваат на тема: Што мислите, дали Скопје може да биде зелен град, атрактивен за туристи, како и Амстердам?
Некои од граѓаните веруваат дека може, но дека е потребна и волја за тоа. Други, пак, не веруваат дека Скопје може да биде зелен град како Амстердам, најмногу заради менталитетот.
Дали во Скопје треба да има кафулиња со канабис продукти, за медицински цели и за рекреација? Исто ако во Амстердам? – Повеќето од младите велат – ДА!


На прашањето – „Канабис или дијазепам – што создава поголема зависност?“ – почест одговор на граѓаните е дека дијазепамот создава поголема зависност, што го покажува и статистиката.
„Дали треба да се овозможи одгледување растенија канабис во саксија за медицинска употреба?“ – И на ова прашање повеќето граѓани, особено младите, одговораат потврдно, а некои укажуваат дека треба да се овозможи и за рекреативна употреба.
Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Најново

Последни колумни