Вклучен алармот: Висок процент на жива во конзервирана туна во Европа

„Она што завршува на нашите чинии претставува огромен ризик за јавното здравје што не се сфаќа сериозно“, изјави за новинарите Карин Жакмарт, извршен директор на Фудвоч Франција

Конзервираната туна во Европа има висока концентрација на жива која ја надминува границата забележана кај другите видови риби, покажува најновиот извештај на невладината организација „Блум“ која се занимава со зачувување на морската средина и „Foodwatch“.

Невладините организации анализирале речиси 150 лименки туна од пет европски земји: Германија, Обединетото Кралство, Шпанија, Франција и Италија Дури 57 отсто од мострите ја надминале границата од 0,3 PPM што важи за другите риби, пренесуваaт медиумите во Франција.

„Она што завршува на нашите чинии претставува огромен ризик за јавното здравје што не се сфаќа сериозно“, изјави за новинарите Карин Жакмарт, извршен директор на Фудвоч Франција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни