Зоолошката градина во Небраска соопшти дека нивниот 36-годишен алигатор по име Тибодо бил подложен на операција за отстранување на монети од неговиот стомак.
Сите десет алигатори од тој ограден простор поминале преку рутински ветеринарен преглед кој вклучува земање крв и радиографија.
„Не фрлајте парички во вода“, велат од зоолошката градина
„Тибодо беше анестезиран и интубиран за да можеме безбедно да управуваме со него за време на операцијата. Беше поставена пластична цевка за да се заштити неговата уста и за да можеме да ги поминеме преку неа алатките што се користат за пристап до монетите, како што е камерата што ни помогна да ги најдеме овие предмети“, вели Кристина Плог, ветеринар во зоолошката градина Хенри Дорли/
Ветеринарите на крајот извадија 70 монети во вредност од околу 7 долари од стомакот на Тибодо. „Посетителите не треба да фрлаат монети во водните тела во зоолошката градина“, се вели во објавата.
Извор: index.hr